IPA 2008-Civil Society Facility
МРЕЖА ЗА ЗДРАВЈЕ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА
НОСИТЕЛ НА ПРОЕКТОТ:
Здружение за помош и едукација на жртви од мобинг, Загреб
ПАРТНЕРИ:
• Синдикат на финасиски дејности на Македонија - СФДМ, Македонија
• Самостоен синдикат на вработените во банките, осигурителните друштва и други финансиски организации на Србија - БОФОС, Србија
• Синдикат на финансиски организации, Црна Гора
• ИБГ Институт, Австрија
• Независните хрватски синдикати, Хрватска
СОРАБОТНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ:
• Хрватско здружение на работодавачи, Хрватска
• Организација на работодавачи на Република Македонија, Македонија
• Здружение на банки
• Здружение на работодавачи на Република Србија
• Здружение на работодавачи на Република Црна Гора
ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: Декември 2009 - Декември 2011.
ЦЕЛНИ ГРУПИ: претставници на синдикатите, работодавачи, законодавни тела.
КРАЈНИ КОРИСНИЦИ: вработените.
ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:
ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ:
Развој на пазарот на трудот во земјите од југоисточна Европа преку превенција со цел заштита и ублажување на последиците од мобингот, вршење психички притисок на работните места.
КОНКРЕТНА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ:
Воспостваување на регионално партнерство помеѓу организациите на социјално одговорниот пазар и синдикатите како инструмент за координиран развој на анти-мобинг политиката.
ПРОЦЕНЕТИ РЕЗУЛТАТИ:
• Анти-мобинг мрежа
• Анти-мобинг програма за тренери
• Советодавен анти-мобинг состав
• Препораки за анти-мобинг политика
ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ:
1. Иницијална презентација на проектот
2. Почетна и завршна конференција на проектот
3. Воспоставување на регионална анти-мобинг мрежа
4. Економетриска анализа за влијанието на мобингот врз пазарот на труд
5. Обучување на тренери
6. Воспоставување на локализрана анти-мобинг советодавна мрежа
7. Изработка на регионален анти-мобинг интернет портал







































